Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени.
Во Скопје и околината, исто така попладне и навечер ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 31 степен.
Потоа во следните денови, а особено за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат поинтензивни и застапени во форма на НЕВРЕМЕ со пообилен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на незначителен пад, особено за време на викендот.
Подготви: Славчо Попоски
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.