Стоиљковиќ вели дека на овие избори е потврдено тоа што и претходно го говорел дека албанците владеат во земјава.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 август, 2020 9:48

Стоиљковиќ: Се докажа дека Албанците се политички газди во Македонија!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Иван Стоиљковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите, во интервју за еден српски медиум истакна дека по изборите најдобар успех постигна ДУИ а со тоа се покажа дека Албанците се политички „газди“ во Скопје.

Единствена партија на која по изборите треба да и се честита за постигнатиот резултат е токму партијата ДУИ и на лидерот Али Ахмети, бидејќи и покрај контролата на најголем број општини во Мкедонија каде живеат Албанци и контролата на добар дел од министерствата во владата, успеаја да протуркаат консенсуален систем на одлучување, под превезот на закана од војна, судири и немири кај Албанците. Значи на некој начин се закануваа со федерализација, а всушност се работеше за тоа да се дојде до консенсуална демократија, бидејќи кога го имате тоа, ја имате контролата на целата држава, објаснува Стоиљковиќ.

Стоиљковиќ вели дека на овие избори е потврдено тоа што и претходно го говорел дека албанците владеат во земјава.

Консенсуалната демократија, иако и таа подразбира половичен начин на одлучување, на Албанците всушност им овозможува контрола на целата држава Македонија. Значи на овие избори е потврдено она што и порано го говорев-дека Албанците, дефинитивно се политички газди во Скопје, категоричен е Стоиљковиќ.

Споррд Стоиљковиќ надигрувањето меѓу СДСМ и ДУИ уште пред истекот на првите сто дена влада ќе почне да дава негативни резултати.

Тоа е министерство кое контролира се во оваа држава, па власта на Зоран Заев нема да биде во ситуација во целост да ги контролира сите финансиски и политички текови во земјата, дополнително што првиот потпретседател на владата кој доаѓа од партијата ДУИ, има на некој начин врзан потпис со претседателот на владата. Затоа сметам дека надигрувањето меѓу СДСМ и ДУИ уште пред истекот на првите сто дена влада ќе почне да дава негативни резултати. отворена е Пандорината кутија на т.н. преуредување на Македонија, смета Стоиљковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.