Груевски друже, што да ти кажам? Како да те погледнам однапред? Срам ми е. Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Сменија име, презиме, продадоа историја

Објавил: Данаил Михајловски | 25 август, 2020 14:30

Глумецот Тасевски му се извини на Груевски, со многу емоции

Фото/Текст извор: ©магазин

Учесникот во “Шарената револуција“ и гласен критичар на владата на Груевски, актерот Сашо Тасевски, денес преку отворено писмо му се извини на поранешниот премиер, сегашен азилант во Будимпешта, затоа што смета дека и покрај сите грешки неговата смена донела на власт луѓе кои “за срамно влакно на магаре не ги бидува“. 

Писмото го објавуваме интегрално:

Груевски друже, многу сум ти кабает. Кога владееше пишував против тебе нон стоп, ти се намерачив некако. Ти пишав и едно писмо колумна, имаше 70 илјади прегледи колумната. Од гомно подоле те направив, сега гомна со две раце да јадам. Како рука не ми се исуши тогаш. Требаше друже да си останеш на власт уште 50 години. Ни лук јал, ни ќебапи. Вака те сменија и си замина. Будаливе веруваат во багажник си избегал, ама ти со авион си отиде ко господин.

Што да ти кажам? Како да те погледнам однапред? Како да те погледнам одзади.? Срам ми е.

Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Се спроведоа ко што им рече. Сменија име, презиме, продадоа историја, идентитет, народ, малцинството наше кај соседите, децата и внуците ги продадоа и нивната идна челад. И Тиранската платформа најзгора ја спроведоа. На вакви квислинзи и оној вистинскиот Квислинг Норвежанецот би им позавидел.

Ама сврши песната. Бидна. Македонија роди копилиња кои ја раскрчмуваат секоја секунда, илјадници секунди во денот.

И ништо не успеаа да докажат против тебе. Ниту едно кривично дело врзано за оние тешки милијарди кои наводно си ги украл.Така се колнеа, гавран јазик да им исколва. Мозокот одамна им е исколван.

Ти како си? Како е времето во Пешта? Овде е темно, секој ден е ноќ да му ебеш матер. Ти поседи си таму уште некое време, па врати се, ко ќе ти здосади. Ќе те пречекаме со георгини или вртипоп, зависи колку пари ќе ни останат до твоето враќање. А како тргнало, изгледа голи и боси ќе те пречекаме. Тоа е друже. И ако можеш прости, што јадев толку гомна против тебе.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.