На Благојчо му било ветено дека ќе биде сменет Законот за инвалидни лица. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 јули, 2020 10:36

Ѓорѓиев: Оваа моја слика ја користеа додека да си ја остварат целта, денес за нив сум Шуто и Рогато

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Благојчо Горгиев, граѓанскиот активист кој беше дел од Шарената револуција на социјалните мрежи се огласи по бомбата на која се слуша гласот на поранешниот премиер Зоран Заев, кој вели дека ќе е*е мамето на сите кои ќе бидат во коалиција со него. На ова Благојчо кој воедно е лице со инвалидитет, а неговата слика се користеше за повик на граѓаните за масовно излегување на изборите и гласање за СДСМ. 

На Благојчо му било ветено дека ќе биде сменет Законот за инвалидни лица. 

Оваа моја слика се користеше за повикување на граѓани што помасовно да излезат на протести против владеењето на Груевски, откако си ја остварија целта, јас за нив сум Шуто и Рогато, па дури и мамето ке ми го е*еле, и тоа не само на мене, на повеќето Чесни, Искрени, Храбри и Достоинствени граѓани што помогнавме да дојде на власт СДСМ, напиша револтираниот Благојчо!!!

Тој уште во мај, во гостувањето во емисијата Што не е јасно, на Алфа телевизија, обелодени дека бил изманипулиран од власта и дека ветувањето кое му било дадено од Заев и Тунтев не било исполнето.

„Заев и Тунтев ми ветуваа дека нивната пратеничка група ќе се избори да го смени Законот за инвалидни лица. Кај нас во државата инвалидите до 26 и студенти и тие над 65 години имаат право на електромоторен скутер, а тие измеѓу немаат. Тие луѓе не треба да живеат? И тие се живи луѓе, јас имам 38 години и не ми следува, не можам да поднесам документи, бидејќи законот така бара. Законот си остана до денес истиот“ потенцираше тогаш Горгиев.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести