Во ЗОО Скопје пристигнаа арктички бели волци од Чешка. Мажјакот и женката се млади единки на возраст од една година, а поради тоа што се поларни животни во текот на летото се митарат, а во зимските денови имаат сјајно и густо бело крзно.
Арктичкиот волк (Canis lupus arctos) е подвид на сивиот волк кој ги населува арктичките региони на Северна Америка и Гренланд.
Арктичките волци се познати и како поларни волци или бели волци.
Овој вид на волци спаѓа во загрозени видови, но не од човекот, туку од климатските промени кои се случуваат на Арктикот.
Нарушениот еко систем во овие делови значително го намали бројот на овие животни во последните години.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.