Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.

Објавил: admin@magazin | 20 март, 2022 15:37

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По повеќе од 20 години во ЗОО – Скопје се родија три лавчиња!

Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата.

Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани, истакна градоначалничката Арсовска.

Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште“, истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов.

Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.