Иако носењето на заштитна маска е една од главните препораки за заштита од Ковид 19, сепак стоматолозите велат дека тоа може да биде и штетно и да доведе до оштетување на непцата и забите.
Со вакво тврдење е и д-р Џефри Сулицер кој во интервју за Ливерпул Ехо истакна дека проблемот се јавува поради тоа што со носење на заштитна маска луѓето дишат повеќе преку устата отколку преку носот а токму во тоа и е проблемот. Сулицер посочи дека маската ја суши устата, а резултатот може да биде болест на непцата.
„Покривањето на устата и носот подолг временски период ќе ве натера да дишете преку устата. Резултатот е сува уста, а потоа се зголемува веројатноста за заболување на непцата и лош здив“, вели д-р Сулицер.
Па доколку сакате да ги заштитите забите д-р Сулицер советува дека треба да посветите повеќе внимание на оралната хигиена, односно да пиете многу течности помеѓу носењето маска и да џвакате гуми за џвакање без шеќер за да го зголемите производството на плунка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.