Пред неколку дена, со позитивен тест излезе и референт на скопското муфтиство, со седиште во истата зграда на ИВЗ. Покрај тоа, тој патувал со околу 50 имами за време на екскурзијата во Турција организирана од оваа муфтиство.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 септември, 2020 23:11

БУРЕВЕСНИК: Коронавирус врие во ИВЗ!

Фото/Текст извор: ©буревесник

Уште откако самопрогласениот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи, го прогласи коронавирусот „Ковид 19“ за „мртов“, Исламската Верска Заедница стана жариште на оваа пандемија, каде имаше заразени лица кои завршија трагично. Беа инфицирани таканаречениот „реис“, Шаќир Фетаи, неговиот „шеф на кабинет„ С. Џ., додека кичевскиот муфтија почина, ова го тврди новинарот Зоран Божиновски, кој денеска на својот медиум Буревесник објави наслов, Коронавирус врие во ИВЗ.

Новинарот Зоран Божиновски- Буревесник, објави фотографија под која напиша дека коронавирус врие во ИВЗ…

Пред неколку дена, со позитивен тест излезе и референт на скопското муфтиство, со седиште во истата зграда на ИВЗ. Покрај тоа, тој патувал со околу 50 имами за време на екскурзијата во Турција организирана од оваа муфтиство.

Инфициран службеник, др. Фатмир Заими, при посетата на болницата, призна дека патувал со група имами, кои откако биле идентификувани сите веќе биле ставени во карантин и чекаат можни ефекти од ова заедничко патување .

Сега се поставува едно многу едноставно прашање: дали овие имами имаат семејства, дали служеле во џамии? Дали само овие лица или и другите контактирани лица треба да бидат изолирани?

Небрежноста на релевантните државни органи може скапо да го чини нашето општество! Пред овие појави, одговорот треба да биде посоодветен, мерките да бидат поригорозни, бидејќи станува збор за 50-тина имами, станува збор за 50-тина џамии, за 50-тина верски групи!

Кој ќе биде одговорен?

Со овој тренд на „институционална толеранција“ тешко дека ќе го намалиме процентот на инфекции до степен што го бара ЕУ за да ги отвори границите за нашите граѓани! Случајот не е толку едноставен за да се изолира и да се чува „таен“!

 

 
 
 
 
 
 
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести