Пред извесно време во интервју за Прес 24 Марковски говореше дека Владата неподготвено и неодговорно постапи од почетокот на пандемијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 септември, 2020 10:22

Истакнатиот епидемиолог Вело Марковски нов член во Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вчера го промовираше новиот извршен Комитет во кој е и истакнатиот инфектолог Вело Марковски кој јавноста можеше да го следи уште од почетокот на пандемијата со Ковид-19. Марковски беше постојано присутен во медиумите давајќи совети кои за мнгумина беа од голема полза.

Марковски од самиот почеток на пандемијата говореше дека се потребни  јасни, енергични неселективни мерки кои ќе важат за сите. Нема групирање или собирање на повеќе од 20 луѓе, и носење на заштитна маска во затворено, носење на заштитна маска на секаде на лица кои имаат симптоми или се чувствуваат болни. Сосема доволно за контролирање на пандемијата.

Пред извесно време во интервју за Прес 24 Марковски говореше дека Владата неподготвено и неодговорно постапи од почетокот на пандемијата.

ПРЕСС24: Професоре на почеток сме од учебната година, а институциите се уште немаат јасна идеја како и дали ќе се одвива настава во образовниот процес. Дали не беше доволно цело лето за да се направи јасна програма како ќе учат децата?

Не само цело лето, туку од самиот почеток кога се донесе одлука за затварање на училиштата мораше да се анализира и прави стратегија за следната учебна година. Значи се изгубија неколку месеци во кои стручни луѓе врз база на направени анализи и добиени резултати пред се со скрининзи на одредени групи, и евидентирање на нивото на заштитни антитела. Нашите резултати да се споредат со искуствата на европските држави. Потоа мораме да размислуваме за една реална можност, да ако има втор или трет бран вирусот да биде многу повирулентен од моменталниот кој воопшто не ги загрозува/загрозуваше најмладите. Сето ова мораше сериозно да се анализира. За жал ние не се спремавме дека пандемијата ќе потрае, туку само носевме рестриктивни мерки, единствена стратегија ни беше дека треба да издржиме, а вирусот ќе се повлече.

Инаку во највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат Гордна Димитриевска-Кочовска, Стефан Андонов, Рашела Мизрахи, Драган Ковачки, Марија Андоновска, а меѓу повратниците се и Антонио Милошоски и Владимир Ѓорчев.

Игор Јанушев повеќе нема да биде генерален секретар, поради како што рече Мицкоски лични причини, но останува како член на ИК.

Александар Николовски и Владо Мисајловски остануваат во ИК како и Коце Терајановски, Трајко Славевски и Дафина Стојановска, како и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието Никола Мицевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести