Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Објавил: Владо Марин | 27 септември, 2020 20:24

Борисов до Заев: Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Македонија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Македонскиот и бугарскиот премиер денеска телефонски разговараа за повеќе теми од соработката меѓу двете земји, како и за организирањето на посетата на Зоран Заев на Бугарија!

Двајцата премиери разговарале и за заедничката соработка во заштитата од епидемијата од корона вирусот, особено имајќи ги предвид искуствата на Бугарија во обезбедувањето заштитна опрема за стручниот персонал и за граѓаните.

Заев и Борисов се согласиле двете држави и граѓаните целосно да ги искористат можностите кои постојат за унапредување на економската соработка.

„Во телефонскиот разговор се дискутираше и за организација на скорешна посета на премиерот Заев на Република Бугарија, како и за заедничко охрабрување на работата на историските комисии за изнаоѓање заеднички решенија прифатливи за двете страни. Премиерот Борисов истакна дека Бугарија останува доследна во поддршката на европската иднина на Северна Македонија, при што заедно со премиерот Заев изразија увереност дека двете страни остануваат ангажирани во спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, се вели во соопштението од Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести