Во медиумите постојано се пишуваше за нивната расправија која се зголеми во моментот кога Јелена Карлеуша ја обвини Цеца дека стои зад убиството на Зоран Давидовиќ – Канда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 октомври, 2020 16:24

СУДОТ ПРЕСЕЧЕ- ЦЕЦА Е НЕВИНА: КАРЛЕУША ЈА ТУЖЕШЕ НО СУДОТ ЈА ОСЛОБОДИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вчера основниот суд во Белград стави крај на долгогодишното ривалство помеѓу двете српски диви Цеца Ражнатовиќ и Јелена Карлеуша.

Пејачките долго време се “препукуваа” во медиумите, а денеска судот ја прогласи за невина Цеца Ражњатовиќ по приватната тужба што против неа ја поднесе Јелена Карлеуша која тврди дека на едно претходно судење Цеца ја нарекла нарцисоидна и психички лабилна личност.

Во медиумите постојано се пишуваше за нивната расправија која се зголеми во моментот кога Јелена Карлеуша ја обвини Цеца дека стои зад убиството на Зоран Давидовиќ – Канда.

По ова тврдење на Карлеуша,  Цеца поднесе кривична пријава против неа.

За време на главниот претрес, на кој Карлеуша присуствуваше со нејзините адвокати, исто како и Цеца, судијата ја прашал Ражнатовиќ дали може да претпостави зошто Карлеуша изнела такви обвинувања против неа. Цеца изјавила дека само нарцисоидна и психички пореметена личност може да каже такво нешто во јавноста.

Нејзината изјава тогаш беше внесена во записникот, а Карлеуша подоцна поднесе приватна кривична тужба.

Иако денеска Цеца беше ослободена од обвиненијата, сепак Карлеуша има право на жалба на пресудата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.