Оваа награда изразува и благодарност и почит кон научникот, лекар, професор, родител и син на македонскиот народ, проф. д-р Вело Марковски

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 октомври, 2020 15:04

Вело Марковски добитник на награда за проучување на ковид-19!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Професорот и истакнат инфектолог во Македонија, кој од самиот почеток на пандемијата, будно ја следеше ситуацијата со Ковид 19 и даваше корисни совети, е добитник на меморијалната награда “Марија и Елена Кукубајска“ – 2020 поради придонес во борбата против КОВИД -19 пандемијата.

Марковски уште на почетокот на пандемијата советуваше дека се потребни  јасни, енергични неселективни мерки кои ќе важат за сите. Нема групирање или собирање на повеќе од 20 луѓе, и носење на заштитна маска во затворено, носење на заштитна маска на секаде на лица кои имаат симптоми или се чувствуваат болни. Сосема доволно за контролирање на пандемијата.

Наградата „Д-р Марија и Емилија Кукубајски“ е мал дел од благодарноста за еден голем чекор на храброст и хуманост на професор д-р Марковски. Тој едуцира, и верува во науката, но и проверува нејзини заблуди и можни грешкиВо време на лажни вести и дезинформации во се’, често спротивставените тврдења за ковид пандемијата низ светот на медицинските и фармаколошките науки, професорот Марковски ги смета за посилен предизвик во истражување на егзактни и јасно убедливи наоди, за мотивација кон сечиј поодговорен и посоодветен однос во следење и справување со оваа брутална болест. Оваа награда изразува и благодарност и почит кон научникот, лекар, професор, родител и син на македонскиот народ, проф. д-р Вело Марковски, за неговите сестрани интернационални истражувања, и за неговата хумана грижа за здравјето и животите на луѓето во време на овој сеуште недоволно познат вирус“, кажа проф. Кукубајска при доделување на наградата.

Инаку Вело Марковски од неодамна е член на извршниот комитет на ВМРО- ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести