"Знам во каква облека ќе одам во другиот свет„

Објавил: admin@magazin | 8 октомври, 2020 21:52

Тешко болната глумица Шенон Доерти ги растажи обожавателите: Одбрав облека за мојот погреб

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Американската актерка и продуцентка Шенон Доерти, која се прослави со улогите како Бренда во серијата „Беверли Хилс 90210“ и улогата на Пру во серијата „Шарми“, со години се бореше со ракот, а нејзиното здравје се влошува во последните неколку недели.

Таа неодамна призна дека е свесна дека нејзината болест напредувала и дека сега е во четвртата фаза на рак, а неодамна изјави дека на погребот сака незините пријатели да играат, а станува збор за песна наречена „Солзи во рајот“.

Актерката сега повторно ги растажи своите обожаватели кога откри дека ја одбрала облеката во која сака да биде погребана.

“Се обидував да поправам некои врски во последните неколку месеци, да им се извинам на луѓето што ги повредив – свесно или несвесно. Се обидувам да го живеам животот максимално и да уживам во ова малку време што ми остана”, рече таа и додаде:

“Знам во каква облека ќе одам во другиот свет. Подготвив фустан што го добив од еден од мојата најдобра пријателка. Се чувствувам посебно во него. Сакам да бидам убава, рече Шенон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.