Нашата територија се наоѓа под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон), и на стабилна и сува воздушна маса која во текот на следните денови ќе условува стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе биде релативно тивко и без ветер.
Максималните дневни температури на воздухот во текот на следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 19 до 25 степени, додека зголемување на облачноста ќе има за време на викендот.
Условите за повремени локални врнежи од дожд ќе започнат да растат од недела па натаму.
Да напоменеме дека поради ведрите ноќи и утра, минималните температури и понатаму ќе бидат ниски и ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 8 степени во најтоплите предели од државава.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.