Шпанската влада прогласи вонредна состојба во земјата поради коронавирусот и воведе полициски час од 23 до 6 часот наутро. Со цел да се запре ширењето на Ковид-19, Советот на министри, предводен од премиерот Педро Санчез, одлучи да воведе втора вонредна состојба во земјата!
Шпанија минатата недела стана првата земја во Европа и шеста во светот која регистрирала милион случаи на заразени со Ковид-19.
Во светот со коронавирус се заразиле повеќе од 43 милиони луѓе, објавено е на сајтот „Worldometar“.
Бројот на заразени во светот повторно ненадејно се зголемува од средината на септември, а само вчера се регистрирани повеќе од 450.000 заболени.
Најмногу се погодени САД, каде се регистрирани 8,8 милиони случаи на Ковид-19 и 230.068 починати од последиците на вирусот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.