Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев го постигна победничкиот погодок на дуелот со Грузија, по која Македонија се пласира на Европското првенство.
37-годишниот ветеран во нашиот национален дрес конечно дочека да се израдува на овој голем успех. Како вистински лидер на соиграчите одново покажа дека се работи за играч од светска класа.
Реакцијата на Пандев по мечот доволно кажува колку му значи оваа победа. Голгетерот се фрли на земја и започна да плаче од радост, што можеби е момент кој е честа појава насекаде во нашата земја.
Македонските фанови трепереа заедно со нашите репрезентативци, држејќи среќа во своите домови и надевајќи се дека мечот ќе заврши што поскоро, по водечкиот погодок на нашиот најдобар фудбалер.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.