Вкусни кнедли.

Објавил: admin@magazin | 29 ноември, 2020 19:57

ПОСНИ КНЕДЛИ ОД СПАНАЌ И КОМПИРИ: Се прават за 5 минути, а еве како да ги подготвите(РЕЦЕПТ)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ако постојано барате нови, посни рецепти, сигурно ќе ви се допадне овој, а ова се посни кнедли.

Стостав:

600 гр компири, 200 гр брашно, 200 гр спанаќ, 100 гр посно сирење, кромид коцка маргарин, сол, презла и масло.

Подготовка:

Сварете и испасирајте ги компирите, додајте сол, мала коцка постен маргарин и брашно и направете тесто.

На масло пропржете кромид и спанаќ, додајте сол.

Земете топче тесто на дланката, направете вдлабнатина, додадете спанаќ и коцка посно сирење и завиткајте ја во кнедла.

Варете во солена вода околу 5-6 минути, така што кнедлите да лебдат.

Послужете топло.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.