Имено, Џими речиси 40 години живее во овој град, од каде е и неговата сопруга Билјана со која има два сина.

Објавил: admin@magazin | 17 декември, 2020 5:35

ЉУБОВТА НЕМА ГРАНИЦИ: Запознајте Билјана сопругата на Џими која му подари два сина!

Фото/Текст извор: ©Фокус/магазин.мк

Нигериецот Џими во Македонија остана заради сопругата Билјана која му роди двајца синови!

Кога би биле штипјани, би гласале за него. Неговото име е Симон Поликарп, попознат како Џими, а причината што остана во оваа земја има македонско име.

Имено, Џими речиси 40 години живее во овој град, од каде е и неговата сопруга Билјана со која има два сина.

Тој сега има и внуче, а како што самиот вели во интервјуто за „Би-би-си“, бил испратен од Нигерија за да студира геологија и потоа да се врати и да работи на нафтените полиња во неговата земја. Но во Штип ќе ја пронајде својата љубов со која ќе добие две деца, Адамс и Анџело. 

Џими родум е од Африка, односно од Нигерија, а во Штип нема некој што не го познава. ТОј годинава реши да се кандидира за градоначалник од конзервативната партијата „Интегра“. Негови ривали, во градоначалничката трка за прв човек на Штип, кој ќе има мандат до октомври 2021 година се и независниот кандидат, Трајче Митев којвеќе  ги собра потребните 260 потписи од граѓаните, Лазар Наумов, од партијата ТМРО, потоа интервентниот кардиолог и актуелен пратеник, Сашко Николов од СДСМ, како и Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“, од двете партии: Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

Патот од Нигерија до Штип

Џими од Нигерија во Штип ќе дојде како 17-годишно момче, преку проектот за размена на студенти.

Тој најпрво ќе дојде во Пробиштип, во далечната 1977 година, заедно со уште преку 1000 ученици што во тоа време дошле да учат и студираат во титовата Југославија.

И додека сите останати се вратија назад, или заминале да живеат и работат во некои други земји, Џими во Штип ќе ја запознае Билјана, жената во која што ќе се вљуби и со која ќе создаде семејство. Тој во интервју за Фокус вели дека целата работа се променила откако ќе им се роди синот, кога и семејството на Билјана ќе го прифати.

„Билјана секогаш ме гледаше со очи полни со љубов, така да и тоа беше пресудно сите да ја сфатат сериозно нашата љубов и решителност да останеме заедно во добро и лошо“, вели Џими за „Фокус“.

По една година ќе се роди и вториот син, Анџело, кој денес има 30 години.

Фото: Фејсбук/ Анџело Поликарп
Неговиот една година постар брат се вика Адамс. Тој со својата сопруга Марија неодамна доби син.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.