Новинската агенција Анадолија објави дека пожарот избувнал кога експлодирало шише со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Објавил: Перо Милчин | 19 декември, 2020 20:25

ТРАГЕДИЈА: ПОЖАР ВО КОВИД БОЛНИЦА ВО ТУРЦИЈА- Најмалку 8 пациенти починале на интензивна нега!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Осум лица загинаа денеска во пожар што избувна на одделот за интензивна нега за лекување на пациенти со корона, во приватна болница на југот на Турција, пренесоа државните медиуми.

Новинската агенција Анадолија објави дека пожарот избувнал кога експлодирало шише со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.

Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени од одделот во други болници, пренесува АП.

Пожарот брзо беше ставен под контрола, а истрагата за овој случај е во тек.

Во одделите за интензивна нега во Турција, според пандемијата, биле пополнети 74 проценти од креветите, според владините податоци, иако здруженијата на лекарите тврдат дека болниците се преполни.

Досега во Турција биле заразени 1,98 милиони луѓе, а починале 17.610 лица!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...