Го изнесе народот на улица (се сеќавате на ИЛИНДЕН 4), и пред 5 минути им кажа, ај сега доста е, одете си дома.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 јануари, 2021 1:11

НЕДЕЛКОВСКИ: Доналд Трамп е американскиот Никола Груевски

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Доналд Трамп е американскиот Никола Груевски, вели на социјалните мрежи новинарот Миленко Неделковски!

Го изнесе народот на улица (се сеќавате на ИЛИНДЕН 4), и пред 5 минути им кажа, ај сега доста е, одете си дома.

Безмалку исто како што Груевски на 28-ми сабајлето побара апсење на оние што влегоа низ вратата што Крсто ја отвори, вели Неделковски!

Педесет и седум отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде сменет веднаш, по протестите оваа недела, кои се претворија во насилство на Капитол.

Анкетата на Ројтерс покажа и дека седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот, каде се разгледуваше потврдата за победата на демократот Џозеф Бајден на претседателските избори.

Демонстрантите пробија барикади, кршеа прозорци, грабаа сувенири и упаднаа во просториите на Конгресот, некои дури се фотографираа со полицијата, а други носеа трофеи при излегувањето од Капитол.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нагласи дека неговите поддржувачи и сите Американци кои гласаа за него на изборите во 2020 година во САД ќе имаат „многу силен глас уште долго време“.

„75.000.000 големи американски патриоти кои гласаа за мене, Америка на прво место и ние ќе ја направиме Америка повторно голема, ќе имаат многу силен глас уште долго време. Тие нема да бидат непочитувани или третирани неправедно на кој било начин и форма”, објави Трамп на Твитер.

Веднаш по објавата, социјалната мрежа итно му го укина профилот!

Откако неговите приврзаници упаднаа на Капитол по насилни протести во Вашингтон во средата, Трамп вети дека ќе обезбеди „уредена и непречена“ транзиција на власта на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден на 20 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...