Во текот на изминатата ноќ нашата територија се наоѓаше под влијание на циклонска активност и на изразена влажна воздушна маса која насекаде услови облачно и врнежливо време.
Врнежите на повеќе места беа интензивни, но сепак најинтензивни врнежи имаше во западните и во југозападните предели од државава.
До утринава најмногу дожд наврна во Охрид, и тоа 26 литри, потоа 19 литри во Претор и во Пожаране, 18 литри во Берово14 литри во Прилеп, 12 литри во Струмица, 11 литри во Демир Капија, 9 литри во Тетово, и по 8 литри во Крива Паланка и во Штип.
Врнежливото време, со поинтензивни врнежи од дожд ќе продолжи и понатаму. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи и тоа особено во текот на ноќта кон утрешниот ден.
НАПОМЕНА: Интензивните врнежи од дожд веќе условуваат покачување на нивоата нареките и на езерата низ државава.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.