На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата на Република Македонија ја промени Уредбата за начинот за распределба, дистрибуција и ревизија на искористеност на дозволите за меѓународниот превоз на стока.
Со промената на Уредбата, а поради Ковид состојбата, се менува периодот на издавање на ЕКМТ дозволите со што превозниците веќе можат да аплицираат за поединечните и месечните ЕКМТ дозволи за меѓународен транспорт на стока.
Со тоа, на превозниците им се ставаат на располагање сите видови на дозволи со кои располага Министерството за транспорт и врски како би ја олесниле нивната секојдневна работа и тоа:
- 60.000 поединечни дозволи
- 2.280 месечни дозволи
Би сакале да потенцираме дека промената на Уредбата е направена во согласност со барањата на Здруженијата и Асоцијациите на транспортери во Република Македонија.
Со промена на Уредбата се прецизираат и критериумите со кои превозниците ќе имаат доволно дозволи за покривање на сопствениот возен парк со рационално искористување на истите, а со цел да се обезбеди континуитет во дистрибуцијата на квотата на дозволи на Министерството за транспорт и врски.
Владата на Република Македонија и Министерството за транспорт и врски, градејќи го партнерскиот однос со транспортните здруженија, создава услови за континуиран и непречен транспорт на стока во домашниот и меѓународниот сообраќај.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.