Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

Објавил: admin@magazin | 20 февруари, 2021 19:47

Илјадници граѓани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Илјадници скопјани се потпишаа против фалсификат пописот на Заев.

Илјадници скопјани денеска се потпишаа против фалсификат попис на Заев, масовно од сите скопски општини граѓани излегоа и кажаа НЕ за попис по терк на СДСМ.

Пописот е статистичка операција, и како таков тој треба да биде по методологија и процес кој ќе прикаже реални резултати, а не насилен и на база на коалициски договор.

По денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот, Заев треба веднаш да се повлече од идејата за попис во април.

Попис, да, но електронски и според методолигија, која ќе даде реалнми резултати и слика за институциите и системот.

Исто така илјадници граѓани од Битола, Охрид, Ресен и другите општини од југозападна Македонија го ставија својот потпис против фалсификат пописот на Заев.

Електронскиот попис е единствено логичко решение, и истиот ќе даде реални бројки и податоци, се друго е политички пазар.

Доколку Заев има барем малку разум, после денешниот масовен одзив на граѓаните против пописот тој ќе го прекине процесот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.