Состојбата во Кичево нималку не е розова, а тоа го потврдуваат и од гинеколошкото одделение во кичевската Општа болница, каде грижливо се води евиденција за бројот на новородени деца.

Објавил: Перо Милчин | 15 март, 2021 7:54

Бројот на новороденчиња во Кичево е во СТРАШЕН ПАД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кичево полека исчезнува, односно останува без подмладок и иднина, бројот на новороденчиња од година во година е се помал. Падот е толку голем, што последниве две децении од близу 1000 новороденчиња во 2000 година, нивниот број во 2020 година да се сведе на само 144 бебиња, пренесе Вечер!

Состојбата во Кичево нималку не е розова, а тоа го потврдуваат и од гинеколошкото одделение во кичевската Општа болница, каде грижливо се води евиденција за бројот на новородени деца.

Како и во повеќето градови во земјава така и во Кичево, бројот на новороденчиња е се помал и помал, но тоа намалување последните 10-ина години е многу поизразено од претходно, вели Љупче Ристески, искусен гинеколог од кичевската Општа болница.

Тој појаснува дека за само две децении забележано е намалување на бројот на новороденчиња за повеќе од 1800, за изминатата година да се евидентира бројка од само 144 бебиња.

Ристески наведува неколку причини кои се носечки за вака брзиот пад на бројот на новороденчиња во Кичево и општината.

За овој пад најважни се неколку причини и тоа: исселувањето на младите во странство и главниот град, во периодот кога создаваат семејство, потоа дел од породувањата наместо во нашата болница се вршат во други градови и болници, а една од причините е секако и немањето анестезиолог во подолг период, што ги присили идните мајки своите принови на свет да ги донесат во други подобро опремени болници, додаде Ристески.

И ако се занемарат овие причини, сепак забрзаниот пад на новодроденчиња е повеќе од евидентен. (МИА)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...