Меркел и Путин на маса ги отвориле и "тешките" теми кои ги започнаа како јавна "дебата" нивните министри за одбрана

Објавил: Мирко Бачиќ | 20 август, 2018 9:06

Путин и Меркел остварија сериозни и детални разговори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел одржаа средба во палатата Мезеберг што траеше три часа а како што соопшти Кремљ двајцата лидери оствариле сериозни и детални резговори.

Владимир Путин е на власт во Руската Федерација од 1999 година кога е именувам за премиер а подоцна и за претседател додека Ангела Меркел во Германија на функцијата Канцелар е од 2005-та година.

“Беше тоа долг разговор многу сериозен и детален.” – истакна портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков по синоќешната средба на Меркел и Путин.

Песков наведе дека Путин и посочил на Меркел дека е подготвен да го продолжи дијалогот со германските компании.

“Путин и Меркел детално зборуваа за билатералните односи и со задоволство констатираа дека обемот на трговската размена меѓу двете земји е во пораст.” – истакна портпаролот на Кремљ.

Тој наведе дека рускиот претседател за време на разговорот ги повикал европските земји активно да помогнат во враќањето на сириските бегалци во нивните домови.

“Тие детално разговараа за сириското прашање. Путин укажа дека процесот за враќање на бегалците во Сирија треба постепено да се зајакнува и ги повика еврпските земји да дадат свој придонес со цел тој процес да биде неповратен.” – изјави Песков.

Додаде дека било отворено и прашањето за политичко решение во Сирија но и политиките кон Турција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.