Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во гостувањето на Канал 5 изјави дека разликата меѓу овој пик на вирусот со претходните е што сега е присутен британскиот сој што се шири за 50 до 70 проценти побрзо!
– Кај нас со сигурност ги имаме чешкиот и британскиот сој. Овој британски сој во 24 до 48 часа се развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена.
Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште” , рече Караџовски.
Оцени дека има широка трансмисија на вирусот, но оти засега здравствениот систем има капацитет да издржи.
Во моментов, како што образложи, најдоминантен е вирусот кај категоријата на граѓани од 30 до 39 години.
Младите од 30 до 39 години се доминантна група каде се шири вирусот бидејќи тие излегуваат од дома, се дружат, не ги почитуваат некаде мерките, и проблемот е во тоа што повеќето стануваат позитивни и вирусот го носат дома, рече Караџовски.
Посочи дека се намалува бројот на хоспитализации од 40 до 50 години, но се зголемува бројот на хоспитализации од 30 до 39 и над 60 години.
Смета дека мерките се добри, но апелираше до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од вирусот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.