Со ваквиот систем на вршење здравствена дејност во рамки на поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 април, 2021 18:44

ТРАЈНО РЕШЕН ПРОБЛЕМОТ СО МАТИЧЕН ЛЕКАР ВО ШУТО ОРИЗАРИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство ја информира јавноста дека се најде трајно решение на проблемот со матичен лекар во општина Шуто Оризари.  

После шест неуспешни обиди за закуп на ординација за матичен лекар во поликлиниката во Шуто Оризари, добивме апликација на седмиот оглас од приватна поликлиника која аплицираше и планира закуп на ординацијата во рамките на своја поликлиника.

Со ваквиот систем на вршење здравствена дејност во рамки на поликлиниката се гарантира трајноста на ова решение.

Исто така, заврши и набавката на опремата за гинеколошката ординација за оваа општина со што Министерството за здравство го реши и овој децениски проблем во општината.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...