Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров има скршеница на рамото.
Тој оваа информација ја објави на Фејсбук и се заблагодари на лекарите.
„Огромна благодарност до хирурзите, анестезиолозите, медицинските сестри, болничарите и целиот прекрасен и посветен тим на ортопедија, ургентен, траума и карил (Тоарилуц) што се погрижија скршеницата на моето рамо да биде само една голема лекција за во иднина. 48 години сепак не биле исто што и 20“, пишува Димитров.
Никола Димитров на 31 август 2020 година стапува на функцијата Заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања.
Пред да стапи на должноста вицепремиер за европски прашања, тој беше Министер за надворешни работи на Република Македонија од 1 јуни 2017 година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.