Според последните податоци на здравствените власти само 37% од граѓаните се вакцинирани!

Објавил: admin@magazin | 18 септември, 2021 10:43

На кафе само со две дози: Нема влез во кафулиња и ресторани без вакцини

Фото/Текст извор: ©магазин

Со една доза вакцина од наредниот месец нема да може да влезете во кафуле, кафеана, трговски центар или било каков настан. Од октомври ќе се признава само доказ за две примени дози, вели Министерот за здравство Венко Филипче кој епидемиолошката состојба ја оценува како стабилна!

Предлог одлуката на здравствените власти доаѓа откако периодов значително се намали интересот за вакцинација кај населението, а велат дека не може да се предвиди дали бројката на новозаразени ќе расте или ќе се намалува. 

Според последните податоци на здравствените власти само 37% од граѓаните се вакцинирани.

Една од мерките која што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже за две примени вакцини целосно вакцинирани граѓани, тоа ќе биде некаде во месец октомври“. – Венко Филипче – Министер за здравство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...