Освен Курц, под истрага се уште девет лица, се наведува во соопштението што го пренесува Ројтерс.

Објавил: admin@magazin | 7 октомври, 2021 6:37

Курц под истрага за корупција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомнение за корупција, објавија денеска обвинителите за борба против корупцијата, по претрес во канцелариите на владејачката Народна партија на Австрија.

Освен Курц, под истрага се уште девет лица, се наведува во соопштението што го пренесува Ројтерс.

Австриските медиуми објавија дека обвинителството се сомнева дека Министерството за финансии купувало реклами во еден таблоид во замена за известување и разубавување на анкетите на јавното мислење во корист на канцеларот Курц и неговата партија.

Вчера, Курц учествуваше на Самитот на Европската народна партија во Љубљана, каде што истакна дека Австрија би сакала да се одреди краен датум за проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести