Како што и очекувавме, уште побрутално од првиот круг, МВРО2 во Куманово е трансформирано по налог на Оливер во режимска полиција која директно учествува во изборниот прицес.
Луѓе од 6та управа повторно на терен, агитираат, попречуваат, уценуваат, даваат логистика на партиски војници, униформираните се неми набљудувачи на сето тоа.
Малтретирате наши активисти, со денови не следите, ни одземате возила, се обидувате да не поткупите и заплашите и што уште не и повторно неможете да не скршите и поколеба!
– Што сакате можете да правите, кумановци се решени, ќе победат денеска и ќе ја вратат демократијата назад кај граѓаните. Кумановци се со нас!
Има сведоци, снимки, ќе одговарате за се!
Куманово секогаш бил град кој се одважувал и од тука тргнувале сите големи општествени промени за подобар живот, така ќе биде и денес!
Фејсбук сттаус на Максим Димитриевски, кандидат за градоначалник на Куманово!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.