Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но, зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја?

Одговорот е географски: Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е по логичната линија на напад на руските сили.

Објавил: Едмонд Бекири | 25 февруари, 2022 10:19

ЗОШТО ЧЕРНОБИЛ ИМ Е ВАЖЕН НА РУСИТЕ? Аналитичарите објаснуваат зошто е толку важна нефункционалната електрана!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Руските и украинските сили се бореа за контрола на Чернобил, сè уште радиоактивно место на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.

Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Но, зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја?

Одговорот е географски:

Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е по логичната линија на напад на руските сили.

Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина, пишува Хина.

Тоа е најкраткиот пат од точката А до точката Б“, вели аналитичарот Џејмс Актон.

Чернобил нема воено значење, но е на најкратката рута од Белорусија до Киев, потврди поранешниот началник на американскиот Генералштаб Џек Кин. Ако сакаат да го земат Киев, Чернобил е дел од планот, додаде тој.

Неименуван украински функционер изјави дека Чернобил, 110 километри северно од Киев, е под руска контрола, но американски извори не можеа да го потврдат тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.