Времето денеска ќе биде претежно облачно, попладне од западните кон централните делови ќе се прошири повремен дожд, на планините снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец поизразен вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната од 8 до 15 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Во следните денови ќе е променливо облачно и посвежо со повремен локален дожд, а на планините со повремен снег. Ќе се задржи слаб до умерен јужен до југозападен ветер. Температурите ќе бидат во пораст од среда кога ќе е краткотрајно постабилно, а потоа се очекува нова краткотрајна нестабилност, велат од УХМР.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.