Во отворено писмо посветувајки го како што вели на Македонците и Македонките, германскиот кацелар вели дека го разбира сомнежот и ја споделува фрустрацијата но уверува дека заеднички ќе се совладуваат задачите кои претстојат, затоа што тој и Германија се на македонска страна.

Објавил: Едмонд Бекири | 11 јули, 2022 17:13

Ние сакаме Македонија да стане членка на ЕУ, вели Шолц

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Олаф Шолц со директна порака – ја сака Македонија во ЕУ, но и по прифаќањето на францускиот предлог, процесот за влез нема да биде лесен.

Во отворено писмо посветувајки го како што вели на Македонците и Македонките, германскиот кацелар вели дека го разбира сомнежот и ја споделува фрустрацијата но уверува дека заеднички ќе се совладуваат задачите кои претстојат, затоа што тој и Германија се на македонска страна.  

Шолц порачува дека компромисите понекогаш се и болни отстапки, но убеден е дека токму тешкиот компромис на крајот ќе ја однесе Македонија напред.

– Сакам да бидам сосема искрен со Вас: Дури и по прифаќањето на овој компромис, процесот за влез во ЕУ нема да биде лесен. Ќе има и други пречки кои ќе треба да бидат надминати. Но, јас исто така Ви велам: Заедно ќе ги совладаме задачите кои ни претстојат. Затоа што сакаме да бидете членка на оваа Европска Унија! – изјави Олаф Шолц германски канцелар.

Ние Ве сакаме Вас, драги Македонки и Македонци, зачленети во една унија во која се чуваат и се негуваат Вашите и нашите културни особености, нашите различни јазици и нашите идентитети. Тоа нè прави заедно силни.

Претходно францускиот предлог доби поддршка од САД и ЕУ. Во заедничка изјава – државниот секретар на САД Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жосеп Борел порачаа дека суверената одлука на македонското собрание ќе биде важна за земјата да се придвижи напред. Според Вашингтон и Брисел – ова е критичен момент во европската историја поради војната во Украина ,а стартувањето на преговори на ЕУ со Скопје иТирана е клучот за зајакнување на отпорноста на европскиот континент.

И додека во Македонија се уште се дебатира за прифаќање или отфрлање на предлогот од Париз и се чека објавата на Билатерланиот Протокол со Софија, од Албанија денеска нови пораки – Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија Таулант Бала изјави дека Првата меѓувладина конференција на Албанија а се надева и на Македонија со ЕУ, ќе се одржи следната недела на 19 или 20 јули, што според него е добра вест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.