Во наредните денови ќе се соберат 100 потписи кои ќе бидат, како што кажа Мицкоски, доставени до Собранието, кое треба да ја одобри иницијатива по што почнат роковите за собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум.

Објавил: Мате Парлоф | 6 септември, 2022 5:30

ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ СОБИРА 150.000 ПОТПИСИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗАДОЛЖИТЕЛЕН РЕФЕРЕНДУМ ЗА РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Фото/Текст извор: ©сдк/магазин.мк

ВМРО-ДПМНЕ од денеска ќе почне со собирање на потписи за одржување на задолжителен референдум за раскинување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Според лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски овој Договор е извор на сите проблеми за земјава и основата на која Бугарија ги темели своите максималистички барања, објави Сдк!

Во наредните денови ќе се соберат 100 потписи кои ќе бидат, како што кажа Мицкоски, доставени до Собранието, кое треба да ја одобри иницијатива по што почнат роковите за собирање на 150.000 потписи за распишување на задолжителен референдум.

Референдумското прашање ќе гласи „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија од 18.01.2018“.

„Референдумскаото прашање ќе се однесува на Договорот за добрососедство кој Заев го потпиша со Борисов. Тој е извор и почетокот на сите проблеми за Македонија и основата на која Бугарија ги темелеше своите максимилистички барања. Раскинувањето на овој договорот ќе значи раскинување на барања за промената на учебниците, спорење на јазикот, историјата и културата“, рече Мицкоски.

Мицкоски очекува дека референдумот ќе биде успешен односно народот ќе се изјасни за штетниот договор со Бугарија и очекува дека власта нема да го бојкотира.

Јас сум сигурен дека има проевропски политичари во Владата кои ќе го повикаат народот да излезе на референдум и така ќе гласаме за вистинската европска Македонија, а не Макеоднија под уцени и притисоци“, додаде Мицкоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести