Пред една недела беше уапсено 23 годишно момче чие име стоеше на мејловите за заканите за бомбите, но истото беше ослободено после една вечер помината во полициска станица од кога се провери неговиот дом и утврдија дека нема докази против него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 ноември, 2022 13:41

Нови дојави за бомби во четири училишта во Скопје

Фото/Текст извор: ©телма/магазин.мк

И денеска повторно учениците се надвор од своите училишта. Причината за тоа е новата дојава за бомби во четири средни училишта, објави Телма!

Досега дојавите за бомби беа после 14 часот кога учениците беа втора смена, а сега тоа се случи рано изутрина кога истите тие ученици беа прва смена.

На електронските адреси на две средни училишта во 9 и 30 часот е упатена закана за поставена експлозивна направа, а истиот заканувачки мејл е пратен и на уште две средни училишта околу 10 часот.

ВЕДНАШ ПО ДОБИЕНИТЕ ПРИЈАВИ, ОД ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНЦИ СЕ ПРЕВЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНО ЕВАКУИРАЊЕ НА СИТЕ ЧЕТИРИ УЧИЛИШТА.ВО ТЕК СЕ И АНТИТЕРОРИСТИЧКИ ПРОВЕРКИ И СЕ ПРЕВЗЕМААТ МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ, СООПШТИЈА ОД МВР.

Додека народот е гневен и чека разрешување на случајот и од опозицијата обвинуваат дека власта цели 2 недели не може да открие лажен бомбаш кој од лажни адреси, лажно ги паничи децата и граѓаните. Не можат ниту да замислат како би реагирало МВР во некоја посложена ситуација.

Пред една недела беше уапсено 23 годишно момче чие име стоеше на мејловите за заканите за бомбите, но истото беше ослободено после една вечер помината во полициска станица од кога се провери неговиот дом и утврдија дека нема докази против него.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести