Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

Објавил: admin@magazin | 10 ноември, 2022 6:08

Ковачевски од Струмица: Членството во НАТО носи инвестиции во енергетиката

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Сериозно сме посветени на инвестициите во енергетиката, бидејќи тоа е клучно во справување со кризата на краток, среден и долг рок. Генерално, инвестициската клима е исклучително подобрена бидејќи сме земја НАТО членка која има отпочнато преговори со ЕУ“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Струмица.

Тој додаде дека започнува градбата на на 100 мегавати сончева електрана во Осломеј, а потоа следат и инвестиции како голема фотонапонска електрана Стипион од 400 мегавати, со развој на агрикултура од реноминараната француска компанија АКУО, изградбата на голема ветерна електрана Вирови, од реномираната германска компанија WPD.

„Потпишани се договори за премиуми за изградба на 130 мегавати фотонапонски електрани. Во следниот период ќе почне и пуштање со работа на најголемите 25 мегавати во Свети Николе. Се очекува до крајот на 2023 во системот да се вклучат помеѓу 200 и 300 мегавати сончеви електрани. По 30 години, конечно ќе започне реализацијата на проектот ХЕЦ Чебрен. До крајот на годината ќе заврши евалуацијата и изборот на најдобар понудувач.. Проектот е  со проценета инвестиција од 800 милиони евра“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека сепак и покрај напорите на Владата активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ прави голема штета, бидејќи во моментов има над 130 закони, извештаи и документи кои се во различни фази од процеосот, а опозицијата ги блокира во Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.