Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во Скопското вишо јавно обвинителство остана само тој, објави попладнево Призма, откако по Фатиме Фетаи, од трката се повлекол и вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми..

„Ја повлеков кандидатурата затоа што сметам дека противкандидатот има поголеми шанси да биде избран за шеф на Вишото јавно обвинителство“, изјавил Рустеми за Призма..

Објавил: Мате Парлоф | 30 ноември, 2022 7:04

По Фетаи, се повлече и Рустеми – Хајрулахи без конкуренција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот шеф во Скопското вишо јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи има отворен пат за нов мандат.

Од тројцата кандидати кои сакаа да седнат на шефовското столче во Скопското вишо јавно обвинителство остана само тој, објави попладнево Призма, откако по Фатиме Фетаи, од трката се повлекол и вишиот јавен обвинител Бурим Рустеми..

„Ја повлеков кандидатурата затоа што сметам дека противкандидатот има поголеми шанси да биде избран за шеф на Вишото јавно обвинителство“, изјавил Рустеми за Призма.

Хајрулахи е шеф на скопското обвинителство од 2018 година. Рустеми и Фетаи беа дел од СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.