Што бара пензионираниот генерал Зоран Јовановски - Челик кој беше можен избор за нов директор на БЈБ во судскиот совет од судењето за 27-ми април?

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 7:08

Челик наместо директор на БЈБ е судија поротник на судењето за 27-ми април

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пензиониораниот генерал Зоран Јовановски – Челик кој беше споменуван како можен наследник на разрешениот директор на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски е судија поротник на судењето за настаните во Собранието на 27-ми април.

Судењето за настаните од 27-ми април 2017-та година почна во средата по објавувањето на името на новиот директор на Бирото Сашо Тасевски. Откако во јавноста веќе беше решена дилемата кој ќе го замени Велковски новинарите го видеа пенизонираниот началник во судскиот совет.

Јовановски беше првото име кое беше објавено како можен наследник на Велковски. Тој целиот работен век го поминал во полиција а за време на службата се здобил со тешка повреда.

Тој меѓу колегите важи за голем професионалец. Сепак на местото на Велковски министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одлучи да го избере Сашо Тасевски началник на Шестата управа односно Одделот за обезбедување при МВР.

Тасевски во јавноста остана запаметен како бранител на премиерот Зоран Заев и другите пратеници во упадот што се случи во Собранието на 27-ми април и единствениот човеко кој тој ден пукал со огнено оружје кон невооружената толпа народ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.