Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

Објавил: admin@magazin | 1 ноември, 2023 6:57

СМЕТКИТЕ ЗА ПАРНО ПОВИСОКИ ЗА 4,5 НАСТО

Фото/Текст извор: ©pari.com

Со првиот ден на ноември цената на парното греење се зголемува за 4,51 насто.

Ова се однесува за 58 илјади домаќинства, кои се приклучени на најголемиот систем во Град Скопје. За оние кои топлинска енергија добиваат од Скопје-Север или го користат „железарското греење“, сметките минимално ќе се намалат.

Со корекцијата на цената, на сметка од илјада денари зголемувањето ќе изнесува 45 денари. А, пак, просечна сметка од 1.800 денари ќе биде повисока за 80 денари, рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој посочи дека не прифатиле голем дел од барањата на компаниите, кои укажувале на повисоките трошоци што ги имаат, па сметале дека крајната цена треба да се зголеми за околу 50 проценти.

„Цената се зголмува поради тоа што има високи трошоци за гас во првите три месеци од годинава и затоа што враќаме дел од позајмиците кои ги дала Владата. Тоа враќање ќе биде чекор по чекор, дали ќе биде во наредните две или три години ќе видиме, за да не се прави ценовен шок“, наведе Бислимовски.

Ако не се користи топлината од ТЕ-ТО тогаш поскапувањерто би било 60 проценти, вели првиот човек на РКЕ. Токму поради тоа се чекаше да почне поставувањето на новиот топловод под „Беласица“.

Освет тоа, Бислимовски смета дека државата ќе ги преземе сите мерки за новиот данок кој го воведе Бугарија за рускиот гас. Сепак, рече, оваа давачка нема да повлече нова корекција на цената на греењето во текот на сезоната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.