7 ден кампања

Објавил: Калина Мартинска | 10 април, 2024 17:50

Допрва следува црната кампања, граѓаните сакаат да слушнат убав збор

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Митинзи, средби со граѓани, трибини, посети од врата на врата, инстаграм и тик-ток промоција – претседателските кандидати во трка со времето како да ги слушне секој гласач во Македонија.

Додека дел од претендите за шеф на државата, се фокусираат на секој начин да дојдат до граѓаните и медиумскиот простор, други пак се промовираат на социјалните мрежи и билборди.

За комуниколизите успешната кампања во никој случај не ги исклучува традиционалните медиуми.  Бојан Кордалов во изјава за ТВ Алфа вели дека политичарите треба да ги привлечат граѓаните за да ги слушаат нивните пораки, а не да им се појавуваат од секое ќоше.

„Не постои успешна кампања без квалитетен однос на кандидатите и кандидатките и нивните тимови со медиумите. Такво нешто не постои. Бидејќи залудни се илјадници настани, ако медиумите не дојдат и не ги покријат настаните, и немаат професионален однос да можат да постават прашање, да интервенираат, да можат да отворат дилема, едноставно ние немаме да имаме успешна кампања бидејќи пораката ќе остане само во партиските кругови“ – цени Кордалов – комуниколог.

Во отуство на резултати зад себе, дел од кандидатите се фокусираат на оцрнување на противниците. Според познавачите негативната кампања е резултат на недоостиг на идеи за решенија и полесен пат за да се одземат гласови од противникот иако тоа не е гаранција дека тие гласови би завршиле на нивното конто.

Пикот на црната кампања допрва ќе следува, но според Кордалов таа сама по себе не дава резулати, но и овие избори циклуси ќе биде примарна алатка.

„Никогаш црната кампања не може да ве доведе до посакуваниот ефект. Негативната кампања односно критиката и нудењето решение, е нешто што е многу различно и нешто што е потребно. Значи, ако сте власт мора да бидете самокритични и да кажете што не чини, а кога сте опозиција да кажете што не чини и како ќе го подобрите“ вели Бојан Кордалов – комуниколог.

 И политичките аналитичари со сличен став

Политичките аналитичари оценуваат дека досегашната реторика на кандидатите не е толку остра, во споредба со онаа која ќе ја слушаме по 24. април. Додека пак, партиите коишто стојат зад овие кандидати, не се штедат да си ја расчистат својата територија, пласирајќи црни кампањи, објави Сител ТВ.


Граѓаните во предизборие

Некои граѓани не се расположени да ги слушнат рекламните спотови. Други сакаат да слушаат позитивни кампањи од претседателските кандидати.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.