За кампањи постојат луѓе кои учеле факултети, читале стотици книги, тоа е цела наука. Ама вие некоја баба Перса сте си зеле и сакате Влада.
Уба'о!

Објавил: Перо Милчин | 26 февруари, 2020 16:17

ЈОЦИ СЕ МРДНА НАЧИСТО: Мицкоски не знае што зборува и е непресушен извор на гафови

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Обновата ќе дојде, а народот е исправен и се исправа. Доаѓаат нови времиња. Одлучно напред за победа која што ќе биде блесокот на граѓаните кои си ги бараат и одбраниле своите права, напиша веднаш после протестот за Правда, лидерот на ВМРО ДПМЕ, Христијан Мицкоски.

Вчера бевме сведоци на болната вистина како Зоран Заев владее со Македонија и зошто државата е на дното.

Тоа е приказ како мафијата има своја држава и правдата престанува да дише, ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Огромна благодарност до народот кој излезе масовно, излезе во огромен број и даде црвен картон на неправдите, громогласно НЕ на “трас-трас” политиките на Заев. Македонците ја сакаат слободата и ова е доказ дека за неправдите Заев е виновен. Има разлика и не сме исти. Ова за нив е борба за спас на мафијата, за нас е борба за спас на Македонија.

Мицкоски вчера осврнувајќи се на аудио-снимката во која се слуша гласот на поренешниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев, упати силни критики кон Рускоска. Тој вели дека е незадоволен од работата на Обвинителството.

Ако Зоран Заев е дилемата, 12-ти април 2020 е одговорот. Да живее ослободена, слободна Република Македонија!
Да сте ми здрави и живи сите што бевте вечерва овде со нас, пишува Мицкоски.

Заев готов си!

Новинарката Јорданка Ивановска Јоци после масовниот протест на ВМРО ДПМНЕ, кој се одржа во Скопје, напиша за Мицкоски дека не знае што зборува и е непресушен извор на гафови (Заев м.з)…човекот кој велеше дека Младенов бил убиец…..односно убиен”.

Ех, бе вмровци…кај ви се оние стари, добри времиња кога Љубчо војводата вадеше 50.000 вмројни од дома. Кои сами доаѓаа, пешки и кои го гледаа со жар во очите како маѓепсани, хипнотизирани од тој ваш Аполон, кога им зборуваше за срцето на Македонија. И тие му веруваа. Бидејќи беше брилијантен оратор, кој, со часови не им здосадуваше.
А, сега за пола саат, ајт сите по дома.
Е, тоа беа вашите времиња ❤
Поминаа, јбг.
Бубето за Мице е Елвис Присли.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...