Курц денеска во официалната посета на Македонија беше пречекан со знамето на Латвиа

Објавил: admin@magazin | 7 септември, 2018 20:59

Заев му се извини на Курц поради погрешното знаме

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владата на Република Македонија упати извинување до Република Австрија за ненамерниот протоколарен пропуст при посетата на Сојузниот Канцелар Себастијан Курц во Република Македонија.

Пропустот е направен од страна на службите за протокол на Владата на Република Македонија и на Министерството за надворешни работи, а до него дошло поради големата сличност во димензиите и колоритот на знамињата на Австрија и Латвија“, стои во соопштението од „Илинденска“.

Денеска, австрискиот канцелар Себастијан Курц беше „почестен“ со знамиња на Летонија, наместо на Австрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести