Унгарскиот премиер Виктор Орбан "опасно" станува популарен во земјите кои и кажуваат "не" на политиките на ЕУ, па околу себе веќе ги има Полска, Словачка а од вчера и Чешка

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 13:16

Бабиш: Чешка како и Полска и Унгарија нема да прими ниеден имигрант

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Чешкиот премиер Андреј Бабиш дополнително го засили своето големо противење неговата држава да прима баратели на азил во разговорот за весникот “Право” објавен во саботата, порачувајќи дека Чешка нема да прими ниеден имигрант.

Бабиш порача дека нема да има исклучоци, дури ни во хуманитарни случаи, како што се сириските воени сирачиња.

“Зошто би треабло да ги примаме? Имаме сирачиња кои треба да ги подготвиме за животот и тука во нашата земја.” – рече Бабиш.

Истакнувајки дека Чешка покажува солидарност низ финансиска и медицинска помош кои што директно ги испраќа во Сирија и во други кризни жаришта.

Чешкиот став е јасен: “Нема да примиме ниеден имигрант”.

Бабиш ги повикува другите држави од Европската унија да “испратат јасен сигнал” против нелегалните имиграции, така што ќе ги одбијат имигрантите кои доаѓаат со бродови.

Премиерот на Чешка, која што е членка на “Вишеградската” група, ја осуди одлуката на Европската унија да покрене процес за санкционирање на Унгарија и Полска, коишто задно со Словачка се во спомената група централноевропски членки на ЕУ.

“Не ми се допаѓа идејата Европската комисија да дејствува против Полска и Унгарија.” – истакнува чешкиот премир, запрашувајќи се дали не ја очекува сличната судбина еден ден и Чешка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести