Кај политички аналитичари за Балканот, владее циничната замерка дека од Албанија и Косово, остана уште да се изјасни покојниот Енвер Хоџа за референдумот во Македонија

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 14:02

Сите албански политичари во кампања за поддршка за референдумот во Македонија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од Албанија уште покоен Енвер Хоџа не повика на поддршка за претстојниот референдум за промена на името?!

Претседателот на албанската опозициска Демократска партија Љуљзим Баша им се прудружи на светските лидери и албанските политичари кои повикаа и повикуваат, за масовно гласање на референдумот во Македонија и тоа по можност да гласаат „За“ за новото име.

Демократската партија испраќа порака или совет, до сите граѓани на Република Македонија, особено до Албанците да излезат масовно да учествуваат на референдумот на 30 септември и да го дадат својот глас за Македонија во НАТО и да се обезбеди иднина за евро-атлантска и европска Македонија и регион, рече Баша.

Неговата изјава беше дадена по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој ја пофали улогата на лидерот на ДУИ во македонските политички случувања како албански фактор.

Им честитам и ги подржувам неуморните напори на албанското раководство, Али Ахмети и неговите колеги, рамо до рамо со другите политички сили во Република Македонија на 30 септември да се означи важно поглавје не само за Македонија, туку и за целиот исчекорувајќи еден одлучувачки чекор кон членството на Македонија во НАТО, рече лидерот на демократите.

Освен со Али Ахмети, Баша во Скопје се сретна со речиси сите албански политички фактори во Македонија, за подршка на референдумот за новото име.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.