Моника Круемади, кога Албанија нема мажи во политиката, ќе следи жена која е сериозен кандидат за идна премиерка која ќе и стави крај на корупцијата во државата

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 септември, 2018 10:45

Политичарката која го гаѓала Рама со чизма, ќе го затвора и сопругот, претседател на државата

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Политичарката од која се плашат и премиерот и претседателот на Албанија најави битка против двајцата, за Албанија без корупција, нарко картели и убиства.

Моника Круемади, претседателката на третата по голема албанска политичка партија, Движењето за социјалистичка интеграција, упати сериозни обвинувања велејќи дека парите од канабисот, кој според неа се одгледува низ цела Албанија, завршуваат кај премиерот Еди Рама или кај меѓународните претставници кои молчат пред овој криминал.

Архива (од лево кон десно) Претседателот на Албанија, Илир Мета, партнерката на премиерот Еди Рама, Моника Круемади и Еди Рама.

Лазарат, кој се нарекуваше фабрика за марихуна, беше уништен и многу добро е што беше уништен, но сега цела Албанија се претвори во Лазарат. Сите тие пари од канабисот, каде завршуваат? Бидејќи сиромаштијата е зголемена, тие не завршуваат кај граѓаните. Значи, или ги зема Еди Рама или меѓународните претставници кои молчат и не зборуваат ништо за оваа ситуација. – обвини Круемади.

Според неа “криминалот ја гледа политиката како средство за контрола на системот”, додека “политиката веќе е аргат на криминалот”.

Криминалците мора да одат во затвор, а не да бидат отстранети од политиката и да победуваат на тендери. Слушаме дека криминалците по кои се трага предизвикуваат тепачки по клубови и нема никакво соопштение за тоа. Политиката веќе е аргат на криминалот. Криминалците се во државните канцеларии. Но, не е само криминалецот е во канцеларијата, туку и неговата девојка, сестра или сопруга. – изјави Круемади.

Таа додаде дека во нејзината политичка кариера единствено премиерот Еди Рама бил виден со криминалци.

Никогаш не сум видела премиер да седи на маса заедно со криминалци како Еди Рама, посочи Круемади, на гостувањето во емисијата “Опен” на тиранската телевизија Топ Ченел.

Во истото гостување таа упати обвинувања и на адреса на шефот на државата Илир Мета, велејќи дека да има 92 пратеника ќе го разрешела од функцијата бидејќи му дава сила на лидерот на криминалот Еди Рама.

Патем Круемади е единствениот политичар во историјата на Албанија кој при размена на остри тонови со албанскиот премиер Еди Рама во парламентот во Тирана, ја извади чизмата и го гаѓаше во глава премиерот, а интересен факт е што јавно говори дека кога би имала поддршка од 92 пратеника би го разрешила претседателот на државата Илир Мета и би го ставила во затвор, затоа што премолчено ги одобрува нарко активностите на премиерот, иако таа е прва дама на Албанија и сопруга на Мета.

Поради ваквите ставови политичките аналитичари ја позиционираат Круемади на високото место за можна идна премиерка на државата.

*Моника Круемади e албанска политичарка и прва дама на Албанија. 

Нејзиниот политички ангажман започна во 1991 година, кога е еден од основачите на ФРЕСХ.

Во јануари 1992 година беше избрана за член на претседателството, а во мај истата година, таа беше избрана за генерален секретар на конгресот I и II на партијата. Таа беше претседател на ФРЕСХ до април 2002 година.

Од 1995 до 2000 година беше избрана за потпретседател на Социјалистичката меѓународна младина IUSY.

Моника беше членка на Социјалистичката партија од декември 1991 до септември 2004 година.

За време на ова време, таа исто така беше член на Парламентот на Албанија од 2001 до 2005 година, а исто така беше избрана два пати на Општинскиот совет во Тирана, таа беше избрана за секретар на делегацијата на локалната власт во Советот на Европа.

Во септември 2004 година, таа беше еден од основачите на Партијата за движење на социјалистичката интеграција (ЛСИ).

Од 5 јули 2017 година Моника е лидер на Социјалистичкото движење за интеграција. Таа е сопруга на претседателот Илир Мета и се очекуваше да ја земе почитуваната позиција на Прва дама на Албанија, но таа одби да ја преземе позицијата која и ја отстапи на нејзината најстара ќерка.

Таа во моментов е и член на Собранието.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.