Се шпекулира дека Јанева и СЈО како алатка на власта сметаат дека несоработката на Груевски и пратениците од ВМРО - ДПМНЕ верни кон него се причина за затворска казна

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 9:36

Зошто Груевски мора да оди затвор? Кој кого уценувал и што ќе е крајниот епилог?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По изјавите на Специјалната Јавна обвинителка, Катица Јанева дека очекува скопска Апелација да ја потврди двегодишната казна затвор за поранешниот премиер се отвора прашањето зошто Никола Груевски мора да оди затвор, зошто сега и зошто за најмалото дело од случаите на СЈО?

Одговоро според правниците но и политичките аналитичари има два основи.

Поранешниот претседател на Влада и поранешен претседател на ВМРО – ДПМНЕ, никогаш не прифати преговори со СЈО.

Иако СЈО понудила отстапки во судските процеси во кои осомничен е и Груевски, тој ја одбил соработката, затоа што за возврат требало да го искористи и својот пратенички глас и влијанието кај дел од пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ да ги поддржи Уставните измени за имплементирање на Договорот од Преспа.

Затоа и се тактириза со лаичката Одлука на Апелација дали ја или не потврдува првостепената одлука 2 години затвор.

Вториот сегмент се односите со својот прв братучед, Сашо Мијалков, исто така поранешен висок функционер во ВМРО – ДПМНЕ и осомничен од СЈО.

Сашо Мијалков е прв братучед со Никола Груевски по неговиот татко, Јордан Мијалков, првиот министер за внатрешни работи на независна Република Македонија кој е роден брат на Надежда Груевска, мајка на Никола. Мијалков за прв пат во македонската политика влегува во 1998 година како заменик шеф на военото разузнавање иако тврди дека е активен член на ВМРО – ДПМНЕ од 1991 година.

Познато е дека Мијалков и Груевски ги влошија односите уште летото 2016-та година пред изборите за пратеници.

Мијалков кој е осомничен во низа предмети на СЈО во последно време е безгласно име кое ретко се слуша по ходниците на Кривичниот суд во Скопје.

Во последниот преглед на аудио записите од Титаник 3 повеќе се слушаат аудио записи на лица кои не се ни опфатени како осомниечени со делото отколку на аудизаписи на Мијалков кои се се поретки.

Прашање дали преку аудио записи кои немаат допирна точка со приложениот предмет, власта и СЈО, упатуваат пораки до најгласните пратеници на ВМРО – ДПМНЕ, оние кои останаа верни на идеологијата но и бојкотот на референдумот, прво да ја смират “топката” пред 30 септември а потоа или да премочлат и апстинираат или да се осмелат и гласаат за уставни измени.

Прашање е и дали СЈО и Јанева му предложиле “соработка” и на Сашо Мијалков, но и каков бил неговиот одговор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.