Страшна сообраќајка на патот Куманово – Свети Николе

Објавил: admin@magazin | 12 јуни, 2018 10:13

Tешко повредени татко и ќерка (5)

Фото/Текст извор: ©мвр

Татко и ќерка се тешко повредени во сообраќајна несреќа која вчера во 15.50 часот се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе.

Како што информираат од полицијата патничко моторно возило “Голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ф.С.(24) од Куманово излетало од патот.

-Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и неговата 5 годишна ќерка. Поради сериозноста на повредите, истите по укажаната лекарска помош во Медицински центар -Штип, се пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен е увид на местото на настанот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.