Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во 16 часот го започна своето обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации.
Претседателот Иванов своето обраќање го започна директно со осуда на спогодбата од Преспа, при што заклучи дека тоа е договор за формирање на нова држава.
Иванов во своето обраќање не штедеше зборови за историските факи како Македонија и Македонците се бореле и преку востанија и револуции па и учество во Светските и Балканските војни, секогаш на страната на сојузниците, за својата, Македонска држава.
Запраша дали Обединетите нации не се една голема лага со двојни аршини, затоа што третманот кој го добива Македонија денес не е ист со ниту една друга земја членка на организацијата.
Претседателот го повтори аспектот на правото и одредбите за самоопределување и праша дали ако тоа право се почитува не е правно поништена времената спогодба од 1995 година со што автоматски се поништува и преспанската спогодба.
Иванов потенцираше дека додека говори во Македонија се одбројуваат последните часови пред обидот за реализирање референдум за преспанската спогодба.
Претседателот ја истакна и зголемената присутност на странски државници и дипломати кои изминатите два месеци престојуваа редовно во Македонија, но изрази загриженост дека нивната намера не е искрена и би сакал да ги праша сите дали тие би прифатиле да го негираат своето право на самоопределување.
Иванов истакна дека референдумот е правна можност но не и обврска и дека овој референдум не е само за промена на името туку и за нацијата, идентитетот, историјата и јазикот.
Претседателот ги повика претставниците на меѓународната заедница да прекинат со притисокот да се загризе од отровната овошка и да се остави македонскиот народ да истрае и во овој предизвик.
Со векови на 30 септември се славеле Верата, Надежта и Љубовта, и немој да мислите дека оваа година ќе биде поинаку затоа што Македонија и Македонците и не заслужуваат помалку.
Иванов го повтори фактот дека тој како граѓанин ќе го бојкотира претстојниот референдум и дека нема да го оствари своето право на глас затоа што како носител на државноста дал заклетва пред Уставот на Република Македонија.
Претседателот ги повика сите држави кои веќе не признале под Уставното име да не ги менуваат своите одлуки и да го почитуваат нашето право на самоопределување а со тоа сопственото право на одлука.
Иванов ги повика колегите од земјите членки од Обединетите нации да му помогнат за зачувување на државата која пред нив ја претставува.
Претседателот истакна дека односот на Грција е политички но тој не е отслика на народната волја, затоа што народите од двете држави мора да научат замено почитување а не репресивен пристап.
Иванов истакна дека нема да бидат релевантнни одлуките на Обединетите нации ако не се применуваат целосно и подеднакво за сите земји членки.
Претседателот истакна дека едно треба да е јасно. Ние сме Република Македонија во која живеат Македонци и тоа е историски факт и тој нема да се промени.
Иванов истакна дека е свесен дека додека говори во Македонија се пишуваат текстови на говор на омраза и напади врз него, но тој е свесен за државноста која ја претставува и повика земјите членки на Обединетите нации да останат на своите одлуки за признавање на Република Македонија, држава на Македонската нација и народите кои живеат во неа.
Претседателот на почетокот од обраќањето ги истакна елементите врз кои го темели неговото обраќање, правото на самоопределување кое 27 години е заложник на политиките на Грција и уште 10-тина држави наспроти 140 земји кои го препознале овој фундаменталнен стоб – носител на Обединетите нации.
Иванов повика да се почитува тоа право затоа што ако се постапи поинаку Обединетите нации самите себе ќе се поништат како организација.
Претседателот потенцираше дека викендот што следи е пресуден во историјата на Република Македонија и дека Македонските граѓани знаат која одлука треба да ја донесат, додека на него е државноста и додека тој претседател таа ќе биде и одржана и зачувана во целост.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.