Мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чи, остана без почесно државјанство поради нејзиното "одбивање да го осуди геноцидот" врз припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи

Објавил: Мартин Попоски | 28 септември, 2018 8:46

Канада и го одзеде почесното државјанство на Аунг Сан Су Чи

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Су Чи доби почесно државјанство на Канада со одлука на Долниот дом на канадскиот Парламент, во време додека како опозициски лидер се наоѓаше во затвор во Мјанмар.

Пратениците во Парламентот на Канада синоќа едногласно ја поддржаа резолуцијата за одземање на почесното канадско државјанство на мјанмарската лидерка Аунг Сан Су Чи, поради нејзиното “одбивање да го осуди геноцидот” врз припадниците на муслиманското малцинство Рохинџи.

Нашата Влада ја поддржува оваа резолуција, како одговор на трајното одбивање на Аунг Сан Су Чи да го осуди геноцидот врз Рохинџите, извршен од страна на Армијата со која таа ја споделува власта. – изјави портпаролот на канадското Министерство за надворешни работи, Адам Остин.

Покрај Си Чи, почесно канадско државјанство имаат добиено и Нелсон Мандела, Далај Лама и Малала Јусафзаи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.